05 Декември, 2025
0.1225

Внуката на Крмзов доби забрана за пристап до фирмите поврзани со струмичкиот бизнисмен

Објавено во: Економија 14 Август, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Кривичниот суд минатата недела донел решение со кое внуката на Ристо Крмззв, кој се гони за испумпување на огромни суми за поврат на ДДВ од државата, како управителка добила забрана  за преземање на работни активнсти и потпишување банкарски сметки во име на фирмите на струмичкиот бизнисмен кои што во овој случај се осомничени правни лица

Зуле Кармзова Васиева, според судското решение донесено на 7 август, како мерка на претпазливост, не смее да има никакви поврзани активнсти со фирмите Крмзов - МР, Нетком Плус, ММР Компани, Дианита, Сакаов Транс, ВЗВИ Компани, Винас Текстил, Агро КРМЗ, Фероцем Плус, Актико Текст, Вила Парк, Васил ВР Компани, Хантонос, Камилком СР, Минтикос Текстил и Конти Хром.

Мерки за претпазливст има и за Лантус Комерц, Гимаши Компани, Лисав-Компани и Окитна Трејд од Скопје, како и Абира Плус и Джиджев Компани од Куманово, со кои Кармзова Василева имала деловни активности.

Голем дел од овие официјално објавени правни лица од судот се во сопственост на сорабтници и познаници на Крмзов. Еден дел од нив се на листата на најголеми доллжници на Управата за јавни приходи, главно пооради поврат на ДДВ, или пак преку некои од нив се вртеле огромни суми и до неколку десетици милиони евра, при што приходите и расходите во минатите години биле речиси еднакви.

Мерките на претпазливост, како што е запишано во решението на судот, ќе траат додека постои потреба, а најдолго до правосилноста на пресудата. Судот по службена должност на секои два месеци ќе ја преиспитува потребата од продолжување на мерката на претпазливст. Евентуалната жалба не го задржува извршувањето на решението..

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во јуни брифираше дека фирмите поврзани со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов преку фиктивни фактури наплатиле од државата 1,8 милијарди денари, односно 30 милиони евра, во кеш за поврат на ДДВ и уште 455 милиони денари, односно над 7 милиони евра, преку механизмот на даночни гаранти, односно со пребивање на долгови.

Девет месеци по големата полициска и даночна акција во фирмите поврзани со Крмзов, обвинителството и официјално отвори истрага во веројатно најголемиот случај за финансиски криминал досега. Осомничени се 23 луѓе и 15 фирми кои имале меѓусебни деловни односи.

А.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?