ВНУКОТ НА ЏОН Ф. К. ЌЕ ПОМОГНЕ АМЕРИКА ПОВТОРНО ДА БИДЕ ЗДРАВА: Трамп го избра Роберт Кенеди Џуниор за министер за здравство
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2024
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра
Роберт Кенеди Јуниор, внук на
убиениот претседател Џон Ф. К, кој
беше еден од најпопуларните политичари не само во Америка, туку и во светот
Медиумите Кенеди го опишуваат како „антиваксер“, а познат е по низата контроверзни изјави за здравјето и причините за здравствените проблеми.
По победата на Трамп, тој рече дека „нема никому да ги одземе вакцините“, но дека ќе работи на нивната безбедност и ќе им дозволи на Американците сами да донесуваат здравствени одлуки.
„Предолго, Американците беа скршени од прехранбената индустрија и фармацевтските компании кои се занимаваа со измами и дезинформации кога станува збор за јавното здравје“, напиша Трамп на социјалната мрежа X.
„Безбедноста и здравјето на сите Американци се најважната улога на секоја администрација, а Министерството за здравство ќе игра голема улога во обезбедувањето дека сите се заштитени од штетните хемикалии, загадувачи, пестициди, фармацевтски производи и прехранбени адитиви кои придонеле за масовната здравствена криза во оваа земја“, нагласи Трамп.
„Тој ќе помогне Америка повторно да биде здрава“, рече Трамп во својот победнички говор на 6 ноември. „Тој сака да направи некои работи, а ние ќе му овозможиме да ги реализира.фото: EPA-EFE/JEFFREY PHELPS