TРАМП ЗА МАСК: Не сака да си оди дома, не можам да се ослободам од него
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2024
Не сака да си оди дома, не можам да се ослободам од негo, вели новиот американски претседател Доналд Трамп за милијардерот Илон Маск.
Трамп во вторникот го именуваше Маск за копретседател на новиот Оддел за владина ефикасност, при што извршниот директор на Tesla и SpaceX ќе ја предвои агенцијата заедно со Вивек Рамасвами. Агенцијата ќе работи „надвор од владата“.
„Илон не сака да си оди дома. Не можам да се ослободам од него, барем додека не почне помалку да ми се допаѓа“, изјави Трамп на средбата со републиканците од Претставничкиот дом.
Маск е постојано присутен на страната на Трамп додека тој се подготвува да ја преземе Белата куќа во јануари и вложи милиони долари од своето богатство во кампањата за реизбор на Трамп.
foto EPA-EFE/ALLISON ROBBERT
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.