Во 18.00 часот ќе грмат плотуни над Скопје
Објавено во: Македонија 27 Март, 2020
Денеска во 18:00 часот од касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши артилериска стрелба со истрелување на шест плотуни од артилериски орудија по повод приемот во НАТО, информира Генералштабот на Армијата.
Единица на артилерискиот баталјон на Армијата.ќе ги активира плотуните половина час по официјалниот прием на ратификацијата на Македонија во Алијансата во Вашингтон.
Почесната стрелба е по повод депонирање на пристапниот протокол на Република Северна Македонија во Стејт Департментот со што земјава официјално станува полноправна членка на НАТО.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.