02 Декември, 2024
0.0246

Во 2011 година 2,4% од храната во Македонија била небезбедна

Објавено во: Агробизнис 19 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Процентот на небезбедна храна во Македонија е преполовен, од 5,3 отсто во 2008 година на 2,4% во 2011-та, беше речено на денешната трибина во Општина Гази Баба што е дел од проектот „Подобрување на јавната свест за безбедноста на храната“. Според експертите, намален е и бројот на заразни заболувања што се пренесуваат преку храната, од 20.309 во 2008-ма на 14.210 во 2010-та. Пестидицидите и нивните резидуи, бактериите, вирусите, микотоксините, тешките метали, нитратите, нитритите и диоксините се најчестите и најтоксичните загадувачи на храната. Потрошувачите треба да знаат какви се ефектите од нивното евентуално присуство и континуираниот внес, како правилно да манипулираат со производите, како да ги консумираат. „Храната е примарен начин на експонирање на населението на дејството на пестицидите. Во секојдневната исхрана постои можност од појава на резидуи особено во овошјето и зеленчукот, во производите од животниско потекло па дури и во преработките. Остатоци од пестициди може да има и во водата за пиење. Тие имаат канцероген ефект, предизвикуваат хормонални нарушувања, стерилитет, намалена плодност, алергиски реакции, анемија, оштетувања на централниот или периферниот нервен систем, а се поврзуваат и со појава на болеста Паркинсон, предупреди прим. д-р Лидија Дамевска.. Ознаките на производите мора да се читаат, тие ги покажуваат потеклото, содржината, рокот на траење. „Обврзно го проверуваме квалитетот на производот, дали она што е напишано на етикетите одговара на содржината. Досега не сме имале големи проблеми иако се случуваат секакви ситуации. Сепак, секогаш реагираме навремено и соодветно, се стопира секоја сомнителна пратка што не е соодветна за консумација“, рече Воислав Димитровски од Агенцијата за храна и ветеринарство. Проектот „Подобрување на јавната свест за безбедноста на храната“ го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство со финансиска поддршка на Јапонската организација за меѓународна соработка JICA. Засега, со него ќе бидат опфатени општините Гази Баба, Кисела Вода, Штип, Прилеп и Гостивар, а доколку се обезбедат дополнителни средства, активностите ќе се прошират и во други општини. Целна група се граѓаните потрошувачи од сите возрасти  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.