18 Декември, 2025
0.0509

Во албанско Лазарат се живее од марихуана

Објавено во: Балкан 18 Октомври, 2013 12:52

Добивај вести на Viber

900 тони марихуана, годишно произведуваат мештаните на Лазарат во Албанија, оваа работа е илегална, но се врши со премолчена согласност од властите. Нашата екипа го посети селото на канабисот, што успеало на мал број медиуми.

Во Лазарат, меѓу планините во јужна Албанија, на секаде се простираат полиња со марихуана. Речиси сите 6.000 мештани живеат од нејзиното производство кое е илегално. Велат, законите не важат во Лазарат, а полиција тука не доаѓа. Локалниот новинар Телнис Скучи вели дека ни медиумите не стигнуваат до каде што стигна нашата екипа. – Имаат еден вид заштитена зона во која никој не смее да влезе. На тие кои пробале било пукано, а некои воопшто не се вратиле – тврди Скучи.

Ние бевме гости на семејството Душку кое во овој бизнис е веќе 10 години. – Тоа е тешка исцрпувачка работа, од март до декември – вели Замира Душку која ја води оваа дејност. – Прво садиме и прашиме. Потоа секои два дена растенијата мора да се наводнуваат. Ни жетвата не е полесна. Се правиме сами.

За заработката не сака да зборува, но работниците велат дека добиваат шест пати поголеми пари од обични работи, во овој крај.

Постои сомневање на комплексна врска меѓу мештаните, водечките политичари и нарко клановите од западна Европа. Италијански даночни инспектори ги надлетувале плантажите за да ја видат големината на криминалот и можната заработка. Пресметале дека селаните во Лазарат годишно произведуваат 900 тони марихуана.

Пазарната вредност се проценува на околу 4,5 милијарди евра. Полицијата, која може да се сретне само во соседните места, лани запленила само четири тони, што не го спречи поранешниот шеф на полицијата со тоа да се пофали на новинарите.

Жителите на околните места се лути поради таквиот однос на полицијата. Во станбениот кварт кој го посетивме, километар подалеку од Лазарат, често има заскитани куршуми и локалните мештани знаат – тоа мештаните од Лазарат пукаат на некој непосакуван гостин. Еден човек ни кажа дека бил ранет во раката од заскитан куршум. Замира Душку отворено вели: - Да сакаше владата да го запре производството, тоа одамна ќе го направеше. Но, државата има свои интереси и самата заработува пари од дрогата.

Извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата