19 Декември, 2025
0.0837

Владините министри од партиска трибина го најавија редовното зголемување на пензиите

Објавено во: Економија 16 Март, 2013 18:35

Добивај вести на Viber

Долгорочна опција која нуди системски мерки за подобар живот на пензионерите и друга која  е краткорочна и нуди два бесплатни ручеци и две бесплатни патувања со автибус им понуди денеска министерот за финасии Зоран Ставрески на пензионерите од Карпош и додаде дека  изборот за одлуката останува на нив. –Пензиите во времето на Црвенковски се исплаќаа во три групи и каснеа со исплата по еден месец. Така се случуваше пензионерите наместо 12 да земат 11 или 10 и пол пензии. Тоа пензионерите не треба да го заборават, истакна Ставрески и им вети на пензионерите дека ќе се труди тие навреме да ги добиваат пензиите, на седми или секоја прва недела во месецот. Од друга страна пак министерот Ристоски, денеска на трибина со пенизонерите истакна дека Македонија е единствена земја која успеала да ги зголеми пензиите и во време на криза. –Ние постојано редовно ги исплаќаме пензиите и го исполнуваме ветеното. Рековме дека ќе ги покачиме пензиите за 5 отсто, тоа и го направивме. Во април ќе има уште едно покачување од 1,15 отсто, со цел нивно усогласување со трошоците за живот. Така заедно со претходното зголемување од 5 отсто до јуни ќе имаме кумулативно зголемување на пензиите од 6,15 отсто, објасни министерот Ристоски.  

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар