19 Декември, 2025
0.0351

Во Атина се очекуваат промени во кабинетот и избори

Објавено во: Балкан 16 Јули, 2015 12:53

Добивај вести на Viber

Владини промени и избори се дефинираат како приоритет на владата во Атина по гласањето синоќа од парламентот за новите мерки за штедење, и тоа покажа длабок јаз помеѓу Алексис Ципрас и Левата платформа во партијата „СИРИЗА“, пишува весникот „Вима“.

Извори, цитирани од весникот, очекуваат во претстојниот период со промените на владата да бидат отстранети најмалку петмина министри, кои гласаа против договорот со кредиторите, откако оставки веќе поднесоа петмина од нив - министерот за енергетика Панајотис Лафазанис, вториот министер за труд Димитрис Стратулис, вториот министер за национална одбрана Костас Исихос, вториот министер за европски прашања Никос Хундис, вториот министер за финансии Надја Валаам.

Се покажува дека во втората фаза Ципрас ќе се ориентира кон подигнувањето на процедури за прибегнување кон изборните кутии и дека тоа ќе се случи откако ќе ја заврши првата фаза од најтешките аранжмани со кредиторите, што и онака ќе бара и други гласања во Парламентот, каде резултатите ќе бидат слични.

По гласањето владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис изјавил дека парламентот го направил првиот значаен чекор во врска со договорот, и гласал за тешките мерки.

Резултатот од ова гласање сепак донесе сериозно неединство во редовите на парламентарната група на „СИРИЗА“. 32 пратеници одлучија да не ја поддржат владата на левицата, и гласаа против нејзиниот избор да ја спречат опасноста од банкрот на земјата, успешното финализирање на договорот е главен приоритет на премиерот и владата, додал портпаролот.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен