Во банка само ако ги одложувате кредитните рати повторно: Почнаа да стасуваат известувањата
Објавено во: Економија 16 Септември, 2020
Банките почнаа да испраќаат лични известувања до нивните клиенти за ново одложување на кредитните рати. На граѓаните им се испраќаат деталите околу опцијата повторно да го пролонгираат плаќањето на нивните кредити. Самите известувања на личните мејл адреси предизвикуваат забуна кај дел од клиентите. Овој пат, за разлика од минатиот кога ако лицето немаше да се обрати во банката тоа значеше дека се согласил ратите да влезат во мораториум, сега е комплетно обратно. Граѓаните кои не исполнуваат услови и кои не можат да бараат ново одлжување односно ќе ги враќаат кредитите не треба да одат во банка. Останатите, тие кои сметаат дека се погодени од кризата и исполнуваат услови апликацијата може да ја поднесат и електронски во дел од банките, но доказите дека спаѓаат во групата на кои треба да им е овозможено ново одложување сепак ќе мора да ги обезбедат.
Според досегашните информации повеќето банки ќе овозможат одложување на плаќањето на кредитните обврски за период до 6 месеци, а најдоцна до 31 март следната година. Ќе можат да се одложат кредитите, долговите на кредитните картички, и дозволено пречекорување на трансакциските сметки. Генерално можност за повторен мораториум ќе добијат клиентите кои се засегнати од последиците од пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, без разлика на тоа дали веќе користат одложување на плаќањето или таквата можност би ја користеле по прв пат.
Условите за одложување се генерално исти кај сите банки. Ако клиентот ја изгубил работа за тоа ќе треба да достави потврда. Друг услов за пролонгирање е намалување на платат за најмалку 10 отсто и во овој случај ќе треба да се обезбеди потврда за тоа. Третиот е клиентот д аимал високи трошоици за лекување или последици поради болест предизвикана од Ковид-19.
Оние пак кои не исполнуваат ниту еден услов веќе од следниот месец продолжуваат со редовна отплата на кредитите ако своите обврски ги одложиле пред шест месеци кога опцијата беше овозможена прв пат. Дел од банките веќе испраќаат и известувања за тоа.
Од Македонската банкарска асоцијација веќе информираа дека граѓаните кои имаат потреба од втор период на одложена отплата на кредитните обврски треба да пристапат до својат абанка и да го побарат тоа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.