ВО БЕЛГРАД НЕ СЕ ГЛЕДА АСФАЛТОТ ОД БРОЈОТ НА ЛУЃЕ КОИ МАСОВНО „ПУМПААТ“: Се чекаат обраќањата на централната бина на плоштадот „Славија“
Објавено во: Балкан 15 Март, 2025 16:53
На повеќе локации во главниот град на Србија, Белград, во тек се студентските протести - 15 за 15.
Репортерите кои цел ден известуваат за најмасовниот собир велат дека денеска не се гледа асфалтот на улиците од бројот на луѓе кои протестираат.
Голем број луѓе се во центарот на Белград, а студентите кои синоќа од различни правци во српската престолнина пристигнаа со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани на Теразије.
Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за време на пречекот биле уапсени две лица поради нарушување на јавниот ред и мир, а оштетени се голем број трактори во близина на паркот Пионер, во кои се сместени „студенти“ кои „сакаат да учат“, но всушност тоа биле луѓе организирани од владејачкиот режим за да дејствуваат како контрагрупа на вистински протести. Иако од вчера пристигнуваат студенти и други граѓани од различни делови на Белград, протестот официјално започна во 16 часот и е најголемиот собир во поновата историја на Србија.
Јавниот превоз во Белград беше во прекин нешто по 9 часот, наводно од безбедносни причини.
„Мораме да бидеме заедно, ова е народна борба и треба да ја вратиме државата на народот. „Денеска ја браниме нашата чест и сето она што со години се обидуваа да ни го украдат“, изјави денеска студентка за N1.
Поддршка на колегите во Србија денеска по трет пат им ја покажаа и студентите во Бања Лука кои порачаа дека нема да бидат само неми набљудувачи, а бројни граѓани од различни делови на оваа соседна земја, но и од целиот регион и светот денеска се упатија кон Белград.
фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





