Добивај вести на Viber
Во БИХ лани индустриското производство се зголемило за 2.6%, а со тоа е зголемен и бројот на вработени, покажуваат податоците на Дирекцијата за економско планирање на БИХ.
Економските активности во регионот, цените на енергенсите и храната, како основни фактори довеле до зголемено индустриско производство.
Гледано по сектори, најголеми раздвижувања имало во преработувачката индустрија каде производството е зголемено за 4.8%.
Производството на мебел е зголемено за 27%, готови метални производи за 9.6%, хемиски производи 7.6% и производство на прехранбени продукти за 6.4%.
Во рударскиот сектор има благ раст од 3.5%. Вкупниот број на невработени во БИХ во декември лани е смален за 1.7% на годишно ниво, или во земјата има над 530.000 луѓе без работа. Вкупниот број на вработени е зголемен за скоро 2% и изнесува над 700.000.