05 Декември, 2025
0.1141

Во БиХ за храна одат 80 отсто од платата

Објавено во: Балкан 22 Февруари, 2013 11:23

Добивај вести на Viber

Додека на домаќинствата во Европската унија е доволно 15 отсто од платата за да купат храна за цел месец, босански работник за да ја наполни трпезата мора да потроши над 80 отсто од платата која ја заработува.

Тоа ни го потврдија претставници на здруженија за заштита на потрошувачите, кои велат дека овие бројки покажуваат дека положбата на нашите граѓани стана неподнослива.

Во невладиниот сектор потенцираат дека европско семејство има многу поголема комоција при купување, бидејќи околу 85 отсто од заработените пари остануваат за други непрехранбени артикли, за домување, комуналии, облека, обувки и слични трошоци, додека во нашата држава состојбата е сосема поинаква.

- Да се преживее состојбата каква што е во БиХ е уметност. Ние ги советуваме граѓаните да го планираат секое купување. Освен тоа, сметам дека голема количина на храна завршува во контејнер, иако може да се донира или да се искористи - наведува Гордана Булиќ, претседателка на Управниот одбор на Сојузот на Здруженија на потрошувачите на БиХ.

Таа смета дека крајно време е да се помогне на босанските граѓани со воведување на диференцирани стапки на данок.

- Мислам дека даноците на луксузните производи можат да се зголемат, а барем за неколку клучни производи, тие основните, да се воведат пониски стапки на ДДВ - вели Булиќ.

Според тврдењето на статистичарите, платата во БиХ е околу 831 марка. Во Сојузот на синдикати на РС во синдикалната потрошувачка кошница спакуваа храна која чини вкупно 695 марки. Очигледно, тие кои примаат плата помала од просечната немаат доволно пари ни за храна.

- За синдикалната потрошувачка кошница во декември беше потребно да се издвојат 1.854,45 марки - истакнуваат во Сојузот на синдикати на РС.

Во Здружението на граѓани ДОН на Приједор изразуваат скептицизам за податоците кои ги покажуваат наводните месечни плати од 800 марки.

- Просечната плата е таква кога ќе се земат предвид и платите на вработените во министерствата и други буџетски корисници. Повеќето граѓани, т.е. небуџетските корисници, живеат со 370 марки - вели Зоран Петош, менаџер за финансии во приједорското Здружение.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии