Во битолско Горно Оризари украдени пари и злато
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016
Две непознати лица во битолското село Горно Оризари, преку балконската врата влегле во домот на М.И.(78), по што со закана со пиштол и нож извршиле разбојништво.
Разбојниците ги ограбиле него и неговата сопруга кои спиеле.
Откако се разбудиле, непознатите лица физички го нападнале М.И. удирајќи го во пределот на главата, нанесувајќи му телесни повреди, при што им го одзеле златниот накит, мобилен телефон и 2.000 евра. Разбојниците однеле плен вреден околу 180.000 денари. Полицијата преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.