Во болницата кршел и вработен од обезбедувањето, починатиот му бил вујко
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2016
Вработен во обезбедување наместо да го заштити медицинскиот тим во болницата „8 Септември“, ја искршил влезната врата кога дознал дека починатиот пациент му е вујко.
Тој со клоци и тупаници удирал по стаклото. Болницата на располагање синоќа имала само пет лица од обезбедувањето и затоа била повикана патролна екипа.
На 45 годишниот Е.И му се слошило по што бил однесен во приватна амбуланта во Чаир каде му била укажана прва помош. Кога лекарите увиделе дека состојбата е тешка повикале Итна медицинска помош и пациентот го упатиле во болницата „8 Септември“. По безуспешна реанимација од 40 минути лекарите од болницата им соопштиле на најблиските роднини дека пацинетот починал. Тие што биле присутни во собата за реанимација почнале да кршат. Тие насилно го однеле телото на починатиот во автомобил без таблички, и не сакале да се прави обудукција.
Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска е мирно .
Од МВР соопштуваат дека за случајот е известен јавен обвинител кој по документирање на настанот ќе поднесе соодветна пријава.