ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара
Објавено во: Балкан 06 Октомври, 2024
Десетици спасувачи од други земји денеска се во најпогодените подрачја во Босна кои
беа збришани од катастрофалните поплави. Тимот на ХГСС од вчера е на
терен во потрага по исчезнатите, чиј број се проценува на 15.
Многумина останаа без се, без куќи и без своите најблиски. Пуштена е во функција целосна механизација. Она што ја отежнува потрагата е дождот. Повторно врне, но во помала мера од вчера.
Единствената добра вест што утрово ја слушнавме од Доња Јабланица е дека момчето кое пожарникарите го извлекле од урнатините и го пренеле во Мостар е живо и здраво.
Покрај него се уште се трага по најмалку 15 лица. Најголем број починати и исчезнати лица има токму во Доња Јабланица. Најмалку 17 загинати, а потрагата по исчезнатите трае со денови.
- Нешто што ќе ми остане во сеќавање до крајот на животот, нешто што никогаш нема да можам да го извадам од глава, секако е пронаоѓањето на мало дете. Жив, под плоча која мора да тежела два тона. Заедно со мештаните и сите присутни успеавме да го извлечеме детето живо и да го пренесеме до првата медицинска установа. Утрово добив информација дека детето е здраво и дека се што му треба е обезбедено, вели Сабахудин Спаховиќ од Сојузната управа за цивилна заштита.
Со спасувачките
екипи е и кучето Зара, кое, како што неодамна изјави уште еден член на тимот
Анте Дужевиќ, може да замени до 30 луѓе.
„Само ние двајца одиме во потрага за да нема одвлекување на вниманието и кучето успешно да ја најде жртвата. Важно е сето тоа да се прави преку некаква игра, затоа е потребна концентрација, вели членот на ХГСС, Дужевиќ, кој самиот ја тренирал Зара.
фото: ФБ* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.