Во Британија семејствата кои имаат ученици ќе добијат брзи тестови
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Февруари, 2021
Британија ќе дели брзи тестови за семејствата со деца кои одат на училиште.
Министерството за здравство соопшти дека комплетите за брзи тестови ќе бидат достапни од утре на повеќе од 500 локации. Овие тестови ќе се спроведуваат на работните места и во локалните центри за тестирање.
Учениците од основните и средните училишта ќе бидат тестирани двапати неделно, најпрво во училиштата, а потоа ќе добијат тестови за домашна употреба. Министерството за здравство денеска објави дека сите домаќинства со деца кои посетуваат основно или средно училиште еднаш неделно ќе имаат можност да добијат два брзи теста против Ковид-19, со цел да се направат напори учениците можно е поскоро да се вратат на училиште. Британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела објави дека е изготвен план за укинување на ограничувањата и понуди претпазлив пристап кон спречување на повторно воведување на сеопфатните ограничувања што и нанесоа штета на британската економија. Џонсон изјави дека враќањето на учениците на училиште од 8 март, со минимални социјални контакти на отворено, е приоритет во првата фаза. Во светски рамки Британија е на 5-то место по бројот на заразени со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.