ВО БУГАРИЈА, ГРЦИЈА И ВО АЛБАНИЈА НАСТАВА ВО УЧИЛИШТАТА: Србија со комбиниран модел, до 5-то одделение во школо, другите пред телевизор
Објавено во: Балкан 20 Август, 2020
Во текот на летните
месеци, земјите од регионот се жариште на корона вирусот. Секојдневно голем
број на ново заразени и починати пациенти, епидемиолошката крива во нагорна
линија. Но и во вакви услови, тамошните власти сметаат дека состојбата ја држат
под контрола и сега во период кога треба да започне новата учебна година
излегуваат со сериозни решенија за да може образовниот процес да се одвива
непречено. Фактор побара одговори од соседството, па во некои од земјите, како
што е Грција, на пример, ни беше речено дека таму веќе имаат искуство со работа
на училиштата со физичко присуство на децата. И во мај месец, под посебни
услови и протоколи, настава со физичко присуство имаа прво матурантите кои ја
завршија учебната година во училишните клупи, а потоа и останатите ученици.
НА 7.СЕПТЕМВРИ ОТВОРААТ УЧИЛИШТАТА ВО ГРЦИЈА
Во Грција и од завчера има одлука училишното ѕвонче да го означи стартот на новата учебна година на 7.септември. Министерот за образование и религија, Ники Керамос истакна дека тие се во постојана комуникација со здравствените власти и одлучни се за настава со физичко присуство на децата.
-Нашата комуникација со Министерството за здравство и членовите на Националниот комитет за заштита на јавно здравје од корона вирусот е константна со цел постојано ажурирање и прилагодување на образовниот процес во посебните услови низ кои минуваме. Како и во минатото , па сега, предлозите на експертите се оние кои не водат кон зголемени мерки на претпазливост и мерки за да се обезбеди јавно здравје каде и кога се потребни. Во блиска иднина и веднаш штом ќе завршат релевантните дискусии со Комисијата, Министерството ќе ја објави целосната рамка за повторно отворање на училиштата, изјави Керамос.
НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО И ВО БУГАРИЈА
Бугарскиот министер за образование Красимир Валчев рече дека новата учебна година, од 15. септември ќе започне сосема исто како и во претходните години кога во земјата немаше епидемија на корона вирусот, што значи дека децата ќе бидат физички присутни во училниците. Одлуката е конечна. Валчев исто така рече дека таков е случајот скоро во сите европски земји. Ако има болни деца или наставници, ќе има учење од далечина.
Постои предлог за измени во законот, така што некои деца можат да останат да учат дома, повеќе од 30 дена, а ова ќе биде возможно само од медицински причини.
Родителите во Бугарија, пак, нудат нов начин за започнување на учебната година. Наставниците кои, од здравствени причини, сакаат да предаваат на Интернет или децата чии родители не сакаат да ги пуштат на час, треба да се префрлат целосно на учење преку Интернет. Тие, исто така, направија петиција со која се бара секој да има право на избор.
Секое бугарско училиште треба да има топла вода и сапун како мерка против ширењето на коронавиус - ова го бараат Здружението на родители од Главниот здравствен инспектор Ангел Кунчев и министерот за образование Красимир Валчев.
Од Здружението на родители велат дека употребата на средства за дезинфекција го решава проблемот до одреден степен, но ги изложува сите, особено децата, на зголемен ризик од алергии и несакани ефекти на кожата и респираторните производи, понекогаш со долгорочни последици.
НА 14.СЕПТЕМВРИ ОТВОРААТ УЧИЛИШТАТА ВО АЛБАНИЈА
И во Албанија најавено е дека учебната година ќе почне на 14.септември. И покрај зголемените случаи на заболени од корона вирусoт, како и големиот број на смртни случаи, албанските ученици ќе се вратат во училниците, бидејќи училиштата и универзитетите ќе ги отворат вратите во септември.
Министерката за образование Беса Шахини ја објави веста пред два дена, нагласувајќи дека општините се задолжени за редовна дезинфекција на објектите, а учениците ќе добијат инструкции како правилно да се придржуваат до строгите протоколи.
Во заедничката видео-конференција со министерката за здравство Огерта Манастирлиу, Шахини истакна дека во тек е изготвување на протоколите што ќе го водат повторното отворање на училиштата. Таа додаде дека сценаријата ќе варираат од едно до друго училиште, во зависност од бројот на ученици кои одат на нив, но засега е извесно дека наставата ќе се изведува со физичко присуство на децата.
ВО СРБИЈА ВИШИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА НАСТАВА ЌЕ СЛЕДАТ НА ТВ, А ЌЕ ОДГОВАРААТ ВО ШКОЛО
Во соседна Србија, властите одлучија да има комбиниран модел на наставата која таму ќе започне на 1.септември, бидејќи сметаат дека епидемиолошката состојба во моментов не дозволува целосно да се одвива наставата со физичко присуство во сите училишта. Учениците од прво до петто оделение ќе одат во школо, при што маските ќе бидат задолжителни, а часовите ќе бидат скратени. За останатите, односно повозрасните ученици, веќе е организирана настава преку телевизија, но посебно нагласуваат дека проверката на знаењата ќе се одвива во училиштата.
Епидемиолозите сметаат дека родителите не треба да стравуваат за здравјето на нивните деца, бидејќи истите тие деца со месеци се дружат и поминуваат заедно, додека во училиштата ќе биде задолжително да се почитуваат одредени мерки на заштита со различна организација на часови.
Главна задача на секој родител е да испрати здраво дете на училиште, што значи дека тоа нема никакви проблеми, нема температура, нема дијареа или друг проблем.
Засега наведуваат пет основни правила за училиштата:
1. Ако еден ученик се зарази, другите ќе бидат тестирани, но ќе продолжат со настава.
2. Ако корона вирусот се појави во семејството на ученикот, тој нема да оди на училиште, иако не е заразен
3. Доколку се појават проблеми на училиште, на час, наставникот е должен да ги повика родителите да си го земат детето.
4. Учениците можат да ги извадат маските додека седат во клупа, но мора повторно да ја стават кога ќе отидат во тоалет, на голем одмор ...
5. Маските се задолжителни, но трислојни маски нема да бидат потребни.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.