Во четири скопски општини и Градот Скопје утре ќе се бира градоначалник
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2025 15:55
Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг. Градоначалници, во втор круг на Локалните избори 2025 што ќе се одржи утре, ќе избираат граѓаните на Аеродром, Карпош, Центар, Шуто Оризари и на Градот Скопје.
Шест скопски општини избраа градоначалници во првиот круг, од кои тројца добија втор мандат, и тоа акутелните градоначалници на Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров.
Во првиот круг за градоначалник на Скопје гласале вкупно 232 581 граѓанин или 49,04% од вкупниот број на регистрирани избирачи во избирачкиот список. Во вториот круг, право на глас имаат 474 304 избирачи регистрирани во избирачкиот список на вкупно 685 избирачки места.
Право на глас во Општина Аеродром имаат вкупно 68.772 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во привиот круг излезноста беше 48,14% или 33.106 гласачи.
Право на глас во Општина Карпош имаат вкупно 56.856 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во привиот круг излезноста беше 52,42% или 29.803 гласачи.
Право на глас во Општина Центар имаат вкупно 44.109 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во привиот круг излезноста беше 50,66% или 22.347 гласачи.
Во избирачкиот список на општина Шуто Оризари има регистрирано вкупно 23.893 гласачи. Во првиот круг излезноста беше 37,03 проценти.
Шест скопски општини избраа градоначалници во првиот круг, од кои тројца втор мандат, и тоа акутелните градоначалници на Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров.
Во Општина Бутел за градоначалник е избран градоначалник, со 52,96 отсто од вкупниот број гласови во првиот круг.
Во Општина Гази Баба за градоначалникот освои 58,42 проценти од вкупниот број на гласови во првиот круг.
Во Општина Ѓорче Петров за градоначалник во првиот круг е избран градоначалник, кој освои 56,07 проценти од вкупниот број на гласови во првиот круг.
Во Општина Кисела Вода, градоначалничката освои 57,20 проценти од вкупниот број на гласови во првиот круг.
Во Општина Сарај за градоначалник во првиот круг е избран со 50,28 проценти од вкупниот број на гласови во првиот круг.
Во Општина Чаир за градоначалник во првиот круг е избран градоначалник со освноени 51,78 проценти од вкупниот број на гласови во првиот круг.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





