Во Дебар се менуваат имињата на улиците, плоштадите, населбите, мостовите и ќе бидат именувани по личности од албанската историја
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2021
Ќе се променат имињата на улиците, плоштадите, населбите и мостовите во Дебар.
Владата на седницата одржана на 14 месецов го разгледала барањето на Општина Дебар. Ова го објави дебарскиот градоначалник Хекуран Дука на Фејсбук.
„Конечно имаме причина да се радуваме на оваа долгоочекувана и посакувана добра вест. Честитки за сите дебрани и со среќа. На пример, улицата 22 декември сега ќе го носи името Јосиф Багери итн“, напиша Дука.
Повеќе ги нема имињата на улиците поврзани со поранешна Југославија (ЈНА, 22 декември, Едвард Кардељ…), но и на првоборци и учесници во НОВ (Видое Смилевски-Бато, дебраните Здравко Чочковски, Таса Мартиновска…). Остануваат досегашните имиња на улиците Илинден, Гоце Делчев, Никола Карев, на дебарските народни херои Ибе Паликуќа и Лиман Каба, како и првоборци Павле Џиковски и Зија Мерсоски.
Трите плоштади ќе го носат името Скендербег и Илирија, како и до сега, додека третиот плоштад ќе се именува Елез Исуфи (национален стратег по потекло од Пешкопеја – Албанија). Мостот Рајчица се преминува во Дебарски Мост, додека Мелнички Мост во Мостот на Радика. Нови имиња ќе добијат населбите Венец еден (Уранику), Венец два (Пенестија) и населбата Депласт (Мост Селам).
Најголем број од имињата се на личности и настани од албанската историја и култура и Албанци од Дебар.
Инцијатива за промена на имињата, првпат, Советот на општината поведе во 1996. а потоа и во 2010, но овие иницијативи не беа реализирани до крај.
извор МИА
фото Википедија