Во Дебарско само 1.800 барања за откуп на дворното место
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2013 11:39
Дебрачани се просечно заинтересирани кога станува збор за откуп на дворното место, иако истото може да го откупат само по едно евро за квадратен метар.
Во изминатте пет години до Одделението за имотно правни работи за приватизација на дворното место аплицирале околу 1.800 сопственици на индивиуани куќи од општините Дебар и Центар Жупа. Од нив 825 барања се доставени во 2011 додека лани 370, од нив дури 250 во месец декември.
- Треба да се нагласи фактот дека поголемот број од барањата се само апликација со лични податоци на подносителот, додека другите потребни документи, како што е имотен лист и слично се очекува да бидат доставени во наредниот период, велат во одделението.
Во двете општини дворно место треба да откупат над осум илјади лица. Ако се има предвид бројот на доставените аликации и досега откупените 150 дворни места, тогаш јасно е дека поголемиот број од сопствениците не поднесле барање за откуп на дворот.
- Не доставив барање зашто сметам дека не е праведно дворното место да го откупуваме по вторпат. Куќата ја изградив по земјотресот. Го купив плацот,платив за целата површина од 320 квадратни метри. Сега повторно бараат пари. Мислам дека не е во ред, вели сопственик на куќа од населбата „Венец еден“ изградена по катастрофалниот земјотрес, што Дебар го погоди во 1967 година.
Што се однесува до дворните места кај колективните станбени згради, кои во градот ги има трисеттина, станарите речиси воопшто и не пројавиле интерес.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





