Во Дојран бесплатен паркинг и попуст во хотелите и рестораните за српските туристи
Објавено во: Економија 12 Април, 2021
Љупчо Јаневски, директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот објави дека со градоначалникот на ДОјран, Анго Нагов, е договорено во претстојната туристичка сезона во овој град српските туристи да добијат попусти во туристичко-угостителските објекти и бесплатен паркинг..
Ваквата мерка ќе се спроведе во знак на благодарност кон Србија за отворањето на границите за граѓаните од Македонија кои сакаа да се вакцинираат против Ковид-19.
Јаневски и Ангов најавуваат засилена промоција на Дојран како туристичка дестинација во регионот и можностите од транзитниот туризам, како и нови атракции и гастрономска понуда
Се очекува повеќе од 150000 ноќевања за 2021 година во Дојран.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.