31 Март, 2025
0.0285

Во еден од македонските градови се продаваат куќи, но и по 10 години за нив нема купувачи

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2021 07:14

Добивај вести на Viber

Во градот познат по јаболкото многу тешко се продава недвижниот имот.

Во Ресен, има куќи кои се ставени на продажба пред 5 или 10 години, но сѐ уште не се продадени. Се проценува дека ваква судбина имаат најмалку 50 куќи во општината. Газдите одамна ги продаваат, но никако да најдат луѓе кои би ги купиле. Ако ги погледнете огласите на интернет, таму има различни типови на куќи, од постари, до нови и модерни живеалишта. Се продаваат куќи во строгиот центар на градот, кај автобуската станица, кај стариот пазар. Ресенчани велат дека повеќе фактори довеле до тоа да нема купувачи, а тие не сакаат да ги продадат куќите под нивната реална цена.

„Јас 10 години се обидувам да ја продадам куќата, и тешко оди. Ако сакам да ја продадам евтино, веројатно лесно би нашол купувачи, но целта не е да го обезвреднам имотот. Не ми се брза, не е итно. Во Ресен се преполови бројот на жители, и тоа може да се види и со бројот на гласачи. Луѓето избегаа во странство и верувам дека поради тоа и интересот за купување на куќи е слаб“, вели повозрасен жител на Ресен.

Се смета дека немањето перспектива е фактор поради кој луѓето не сакаат да купуваат куќи во овој град, туку повеќето млади сакаат да се иселат во Скопје, или надвор од земјата.

„Од лани сакам да ја продадам куќата, и можам да кажам дека интересот е слаб. Нема млади, нема работа, со јаболката оди тешко, и затоа луѓето бегаат од Ресен“, вели Наум М.

Има и луѓе кои заминале во Охрид, или некој друг град во земјава, но поседуваат имот во Ресен и сакаат да го продадат.

„Јас пред две години објавив оглас за куќата. Оние кои ќе се јават, не им одговара цената, а јас не сакам да ја дадам за џабе“, рече Весна П. од Ресен.

Од Агенцијата за недвижен имот „Стела Ас“ од соседниот град Битола велат дека ресенчани обично сами си ги продаваат куќите, не практикуваат тоа да го прават преку агенции.

„Ние сме заинтересирани за соработка доколку има интерес од нивна страна. Не постои производ кој излегол на пазарот, а да не може да се продаде, и така треба да ги гледаме и куќите и становите, оти и тие се на некој начин производ. Сѐ може да се продаде, но треба да се утврди реалната пазарна вредност во моментот“, додаваат од „Стела АС“.

Од оваа агенција објаснуваат дека голем дел од луѓето кои објавиле огласи за продавање на куќи во Ресен, во суштина не брзаат и немаат потреба од итна продажба. Но, не е во прашање само урбаната средина, туку се продаваат куќи и во ресенските села.

Сања Атанасовска

фото North Macedonia Timeless

Можеби ќе ве интересира

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

„НЕМА НИВНИ ИЛИ ВАШИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ“: жестока реакција по партиските препукувања

„НЕМА НИВНИ ИЛИ ВАШИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ“: жестока реакција по партиските препукувања

„СВЕСНО КРИЕЛА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕКОЛОШКИОТ МАСАКР“: Левица бара оставка од директорката на Инспекторатот за животна средина

„СВЕСНО КРИЕЛА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕКОЛОШКИОТ МАСАКР“: Левица бара оставка од директорката на Инспекторатот за животна средина

НЕСТАБИЛНО И ВРНЕЖЛИВО СЕ ДО ЧЕТВРТОК - Синопитичарите најавуваат многу дожд, предупредуваат и на опасност од поплави

НЕСТАБИЛНО И ВРНЕЖЛИВО СЕ ДО ЧЕТВРТОК - Синопитичарите најавуваат многу дожд, предупредуваат и на опасност од поплави

Независен советник ќе биде нов градоначалник на Кочани?

Независен советник ќе биде нов градоначалник на Кочани?

ДВА МЕСЕЦИ ОТКАКО ИСЧЕЗНА: Блиските и натаму молат да се пронајде Миле Тодоров

ДВА МЕСЕЦИ ОТКАКО ИСЧЕЗНА: Блиските и натаму молат да се пронајде Миле Тодоров

Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа

Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа