Во едно од возилата на Косово се најдени документи од српски политичар
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2023 18:11
Во едно од возилата од вчерашниот напад во северно Косово се најдени документи на потпретседателот на Српска листа, Милан Радојичиќ.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља ја соопшти оваа информација. Радојичиќ е на црната листа на САД, но и е осомничен за убиството на косовско-српскиот политичар Оливер Ивановиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
На прес-конференцијата на која го презентираше арсеналот оружје, униформи и логистичка опрема што косовската полиција ги заплени на север, Свечља изјави дека тоа ја докажува поврзаноста или директното учество на Радојичиќ во нападот врз косовската полиција вчера во раните утрински часови, каде е убиен полицаецот Африм Буњаку.
Свечља изјави дека локални и странски експерти потврдиле дека за толкаво количество вооружување и такви подготовки потребни се најмалку неколку месеци. Тврди дека Белград е нарачател на нападот.
Кремљ соопшти дека внимателно ја следи „тензичната и политички опасна“ ситуација на Косово. ЕУ повика на смирување на тензиите меѓу Косово и Србија.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




