19 Декември, 2025
0.0399

Во ЕУ повлекуваат замрзната храна, утре итна седница на министри од ресорни министерства

Објавено во: Свет 12 Февруари, 2013 16:29

Добивај вести на Viber

По скандалот со коњско месо, етикетирано како говедско,супермаркети во Европа повлекуваат замрзната храна. Ротацискиот претседател со ЕУ, Ирска за утре свика во Брисел вонредна седница на ресорните министри за да бидат разгледани неопходните мерки на европско ниво.

Два холандски супермаркети ПЛУС и Бони соопштија денеска дека повлекуваат од штандовите лазањи на Примасофт како мерка на претпазливост.

Швајцарската група Coop повлекла како превентиувна мерка лазањи од француската фирма Commigel. Грчката фирма Маринопулос повлече два продукта – лазањи Болонезе и канелони Болонезе кои се произведуваат за Kарфур од француската компанија Комижел.

Скандалот почна откако минатата недела британската група Финдус кои произведуваат и тргуваат со замрзната храна, откри дека од 18 продукти на замрзнати лазањи со говедско месо, дури 11 содржат од 60 до 100 отсто коњско месо.

Финдус ги повлече тие продукти од трговската мрежа и наведе дека се произведени од францускиот партнер и доставувач Комижел.

Според медиуми, производите се доставени во 16 држави во Европската унија.

Романските власти демантираа сомневања oд членки од ЕУ дека потеклото на тоа месо е од нивната држава.

Соодветните служби во државите членки каде е откриен скандалот почнаа со истрага, но досега не е јасно од која држава е извршена измамата со погрешно етикетирање коњско месо како говедско.

Фредерик Венсан портпарол на европскиоткомесар за здравство и за заштита на потрошувачи, Тонио Борч, изјави дека службите на ЕК проверуваат секојдневно она што е откриено во држави членки и ги насочуваат да извршат неопходни проверки во најкусо време.

Тој додаде дека од државите членки зависи тоа дали ќе ги спроведат неопходните проверки и како да ја информираат ЕК каде Системот за брза реакција работи 24 часа.

Системот аларммираше во петокот 8 февруари по барање од Велика Британија.

Портпаролот прецизира дека на утрешната средба во Брисел на ниво на министри за земјоделие се поканети „сите вмешани држави“.

– Идејата е да се направи анализа на ситуацијата. Ирското претседателство предвиде таа тема да биде и на Советот за земјоделие на 25 февруари во Брисел, изјави Венсан.

Портпарол на ЕК изјави дека до моментот извршените проверки на коњско месо етикетирано како говедско, не откриле постоење на фенилбутазон, што се користи за лекување коњи.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ