Во Европа ова чини 7 евра по килограм, а кај нив е џабе
Објавено во: Агробизнис 27 Септември, 2018 10:02
Зоран Стојановиќ од Бериље кај српскиот град Прокупље, на семејниот имот одгледува овошје несвојствено за овие простори, а тоа се бананите, пишува Б92.
Тој е задоволен затоа што оваа година имаше богат род.
„Од две стебла набравме 20 килограми. Тие почнуваат да зрејат од 1 септември до 10 октомври“ - вели Стојановиќ.
Она што тој го има е посебен вид на банани, или добричка банана која потекнува од Канада, а тој ја донел од Италија.
„Она што го има во Европа, сакам да го донесам и кај нас. Во лето бара полевање еднаш неделно, и никакво прскање, никаква друга нега, едноставно е отпорна“ - вели тој.
Во Европа килограм чини 7 евра, а кај Зоран е бесплатно за сите кои сакаат да ги вкусат овие банани.
„Ги пробаа соседите, има вкус на ананас“ - рече Стојановиќ.
Со продавање на садници, овој човек си го дополнува домашниот буџет.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





