Во февруари регистрирани над 120.000 блокирани сметки
Објавено во: Економија 03 Април, 2016 20:37
Во месец февруари 122.502 физички и правни лица биле со блокирани сметки, покажуваат податоците на Народна банка.
Граѓаните најчесто се соочуваат со блокирани сметки, поради ненавремено плаќање на сметки, РДТ и рати за кредити. Во споредба со истиот месец лани, вкупниот бројот на граѓани и компании кои се блокирани е поголем за скоро 23 000 ново блокирани сметки. Ако се анализира бројките на месечно ниво има намалување, но споредбено со крајот на минатата година, или за два месеци листата со вкупен број на блокирани депоненти се проширала за скоро 1000 ново блокирани физички и правни лица.
Во исто време во февруари бројот на блокирани сметки што ги поседуваат граѓаните и компаниите изнесувал скоро 260.000, од кои скоро 70.000 се блокирани сметки на фирми, а останатите над 182.000 се блокирани сметки на граѓаните. Споредбено со истиот месец од 2015 година, бројот на блокирани сметки е зголемен за околу над 41 илјада ново блокирани сметки.
Според новите законските измени, извршителот нема да може да блокира сметка без прретходно да испрати предупредување, односно писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот. Измените треба да ги заштитат ранливите категории на граѓани, а се предвидува и вонсудска наплата на долговите, како и скратување на рокот на продажба на недвижностите.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




