Во Фиренца македонските претставници ќе учат како депонија да стане фабрика
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2013 19:15
Делегација на Град Скопје и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, два дена ќе претстојуваат во Фиренца на покана на концесионерот на депонијата „Дрисла” - конзорциумот составенод FCL Ambiente SRL и Unieso SCC Coop од Италија.
За време на посетата, македонските претставници ќе се запознаат со начинот на работа кој треба да биде имплементиран во функционирањето на фабриката за преработка на отпадот во депонијата „Дрисла“.
Градот Скопје со конзорциумот FCL Ambiente SRL и Unieso SCC Coop од Италија потпишаа договор за заедничко вложување во јавното претпријатие депонија „Дрисла“, со кој ова претпријатие треба да прерасне во индустрија за екологија. Италијанскиот конзорциум со овој договор доби концесија за работа со „Дрисла“ со траење од 35 години.
„Вкупната инвестиција за трансформирање на ЈП „Дрисла“ ќе изнесува 73 милиони евра, а вложувањето на средствата е планирано да се изврши во период од 4 до 5 години“ - велат од одделението за односи со јавноста и информации за граѓаните на Град Скопје.
Со овој договор е предвидено депонијата да прерасне во индустрија за екологија, во која отпадот ќе се трансформира во енергија или гориво и репроматеријал, секундарна суровина, со што драстично ќе се намали количеството отпад што трајно ќе биде одложуван на депонијата и ќе има поголема искористеност на повторно обновливите делови.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





