Во Гевгелија досега легализирани 1.552 објекти
Објавено во: Македонија 01 Април, 2013
Во одделението за урбанизам на општина Гевгелија досега се легализирани 1.552 објекти од поднесените 4.120 барања.
Од надлежната комисија информираа дека постапувајќи по одредбите од Законот за легализација на бесправно изградени објекти, само за еден месец се изработени 2.321 заклучоци врз основа на поднесени барања и оти сите тие ќе се решаваат откако за нив ќе бидат доставени геодетски елаборати од страна на подносителите.
По доставувањето на заклучоците,подносителите на барања за легализација на објекти се должни геодетските елаборати да ги достават најдоцна до 17-ти јуни 2014-та година.
Од страна на комисијата за легализација досега се одбиени 41 барање, а за 74 постапката е прекината.