Во Грција сигурно нема да одите до 15 мај - продолжи забраната за влез на македонски државјани
Објавено во: Балкан 16 Април, 2020 12:40
Грчката Влада до 15 мај 2020 година ја продолжи мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни врски со Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија, пишува МИА.
Одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, што е во сила до 15 мај 2020 година во 15 часот, вчера беше објавена во Службен весник и е „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот на грчка територија“.
Забраната за влез во Грција не се однесува на грчки државјани, на граѓани со дозвола за престој, како и за лица чие постојано живеалиште е во Грција.
Исто така, исклучок од забраната има за камиони кои пренесуваат стока.
Во истата одлука на министрите, вклучени се и мерки што се однесуваат на поврзувањето на Грција со Албанија, Италија и Шпанија.
До 15 мај привремено се прекинати сите авионски, морски, железнички и патни поврзувања со Албанија и е забранет влез во Грција за албански државјани, се прекинува морското и авионското поврзувањето со Италија и воздушниот сообраќај со Шпанија.
На 15 март, на состанокот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата Влада беше донесена одлука Грција да ги затвори границите со Македонија и Албанија, одлука што сега е продолжена за уште еден месец.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




