Во Грција штрајк со трактори без да се блокира сообраќајот
Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2013
Грчките земјоделци ги паркира своите трактори на главните сообраќајници низ земјата, но најавија дека нема да го блокираат движењето на возилата додека не бидат донесени конечни одлуки во врска со нивните барања.
Во тек се разговори меѓу нивните претставници со Владата и политичките лидери.
Лидерите на двете партии во владејачката коалиција ПАСОК и ДИМАР, Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис се ангажираа за разгледување на барањата на земјоделците, а опозицијата стои цврсто зад нив.
Синдикатот на земјоделските производители (ПАСЕГЕС) за денеска закажа средба на сите здруженија и синдикални организации, со цел да се подготви стратегија за заеднички дејствувања.
Земјоделците во Грција бараат пониски цени на горивата, земјоделските суровини да бидат ослободени од ДДВ и да бидат заштитени малите и средни производители.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.