08 Декември, 2025
0.0262

Во Хрватска поголем данок за празни куќи

Објавено во: Свет 06 Ноември, 2012 14:19

Добивај вести на Viber

Во април следната година Хрватска  ќе  воведе данок на имот за недвижнини, кои не се користат од сопствениците, а кој ќе изнесува два проценти. За становите кои се користат од сопствениците е предвиден данок од 0,2 отсто, а доколку ги изнајмуваат 0,4 отсто. Министерството за финансии појаснува дека стапката од два проценти ќе се пресметува за објекти кои не се во функција, како што се куќи или станови во кои никој не живее, а сопствениците не ги изнајмиле или за деловни простории, кои се празни. Тоа значи дека данокот на стан, чија вредност даночната управа ќе ја процени на сто илјади евра, а во кој сопствениците не живеат, ниту го изнајмуваат, годишно ќе изнесува околу две илјади евра. Доколку сопствениците живеат во тој стан ќе добијат 90 проценти попуст и ќе плаќаат само десет отсто од спомената сума, односно 0,2 проценти од вредноста на станот, што годишно во овој случај ќе изнесува 200 евра. Станот, кој сопствениците ќе одлучат да го изнајмат ќе добие попуст од 80 проценти, односно за него ќе се плаќа данок од 0,4 отсто од вредноста, што во споменатиот пример би изнесувало 400 евра. Со данокот на имот ќе се замени комуналниот надомест, кој досега се плаќаше, не според вредноста на станот, туку врз основа на неговата квадратура и во зависност од градската зона во која тој се наоѓа. Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ изјави дека богатите граѓани, кои во сопственост имаат по неколку станови или деловни простори ќе мораат повеќе да придонесуваат за образовниот систем, здравството, социјалната заштита и другите јавни потреби.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија