Во јавниот превоз бројот на патници нajмногу до 50 отсто од капацитетот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Јуни, 2020
На 60-та седница на Владата, дополнета е Уредбата за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба отсега се однесува на правните субјекти кои вршат превоз на патници за сопствени потреби.
„Владата ја дополни Уредбата со законска сила примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба со која е предвидено во јавниот превоз на патници бројот на патниците во возилата да изнесува најмногу до 50 oтсто од капацитетот на возилата за кои е задолжително да бидат опремени со маски, ракавици и возилата да се дезинфицираат“, информираат од Владата.
Со оваа измена задолжителните мерки ќе се однесуваат и на правните субјекти кои вршат превоз на патници за сопствени потреби.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.