18 Април, 2024
0.0344

Во каква состојба е банката што ќе биде купена од „Комерцијална“

Објавено во: Економија 10 Август, 2018

Добивај вести на Viber

„Комерцијална банка“ ќе учествува во купување банка која има акумулирана загуба од 33,2 милиони долари, ланската година ја завршила со добивка од 625.000 долари, има депозитна база од околу 550 милиони долари и кредитни пласмани кои надминуваат 450 милиони долари спрема банки и коминтенти. Лани нето приходите од камати и провизии биле помали од 19 милиони евра, а за плати на 439 вработени трошокот е 5,7 милиони долари

„Комерцијална банка“ најави дека ќе учествува во купување на албанската банка „Тирана Банк“ заедно со групацијата „Балфин Груп“. „Тирана Банк“ е прва приватна банка основана во Албанија во 1996 година. Доминантен акционер на оваа банка е грчката „Пиреус банка“ која всушност и ќе биде продавач на акциите на новите сопственици. Од „Комерцијална банка“ соопштија дека продажбата ќе се реализира преку трансакција откако ќе биде одобрена од регулаторните тела на двете држави.

Што всушност ќе купи „Комерцијална банка“?

Од извештајот на независната ревизија на „Делоит Албанија“ направена во мај годинава се гледа дека „Тирана Банк“ има акумулирана загуба од 33,2 милиони долари заклучно со крајот на 2017 година. Од достапните податоци се гледа дека „Комерцијална банка“ ќе учествува во купување на значајно помала банка во соседната држава. Лани „Тирана Банк“ завршила со добивка од 4,7 милиони долари. Тоа во споредба со 2016 година е солиден прогрес затоа што преклани „Тирана банк“ завршила со загуба од 4,7 милиони евра.

Податоците за клучните приходи покажуваат дека лани „Тирана банк“ имала нето приходи од камати и од надоместоци вкупно 18,83 милиони долари. Имено, лани од камати банката има приход од 17 милиони долари и тие бележат пад од 3 милиони долари во споредба со 2016 година. Нето приходите од камати изнесуваат 15,2 милиони долари и тие се за 1,5 милиони долари односно за 10 отсто пониски од 2016 година. Кај провизиите трендот бил растечки. Бруто приходот од провизии и надоместоци е 3,82 милиони долари и бележи раст од 45.000 долари во однос на 2016 година. Нето приходот од провизии и надоместоци е 3,63 милиони долари и бележи раст од 27.000 евра во однос на претходната година. Најголеми расходни ставки се: останатите оперативни трошоци и трошокот за вработени. Првата ставка носи 8,5 милиони долари, а втората 5,7 милиони долари. Трошоците во однос на двете ставки растат во однос на 2016 година. И кај двете растот е за по околу 900.000 долари.

Депозитната база на „Тирана банк“ е околу 550 милиони долари и во однос на 2016 година е намалена за над 23 милиони долари. На другата страна заемите дадени на банките биле на ниво од 239 милиони долари што е раст за околу 37 милиони долари во споредба со 2016 година. Заемите кон коминтентите на крај на 2017 година се на ниво од 24,04 милиони долари и тие бележат раст од 10,8 милиони долари. Повеќе информации на следниот линк https://www.tiranabank.al/english/media/1530778710IFRS-ENG.pdf

Која е „Пиреус банк“, сегашниот сопственик на „Тирана банк“?

„Пиреус“ е втора по голема банкарска групација во Грција, а значајна е и во нашиот регион затоа што со свои банки е присутна во пет држави. Оваа банкарска групација во Грција има 620 филијали, а во земјите од регионот во кои работи има уште 133 филијали. На ниво на групација „Пиреус“ прави рационализација која значи намалување на број на работни места, намалување на број на филијали, а во случај и продажба на банката во Тирана. Лани „Пиреус“ го намалил бројот на вработени за 2.960 лица на ниво на групација во однос на 2016 година и 2017 година ја завршил со 15.115 вработени. Во „Тирана Банк“ лани работеле 439 вработени односно 7 повеќе од 2016 година. „Тирана банк“ има 39 филијали во Албанија. „Пиреус“ поседува 98,8 отсто од акциите во „Тирана Банк“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи