Во Кина се гради најголемата зграда на светот
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2014 16:28
Во Кина наскоро би можела да биде изградена највисоката зграда во светот. Комплексот во Вухан, не само што ќе биде архитектонско чудо, туку ќе има и еколошката функција.
Лондонската архитектонска фирма „Četvuds“ го објави прелиминарниот дизајн на „Феникс кулата“ во кинескиот град Вухан. Комплексот се состои од два облакодери, од кои едниот би достигнал висина од 1000 метри и би била највисоката зграда во светот.
Но овој прекрасен облакодер во Вухан, не само што на Бурџ Калиф, 827 метри високата кула, која е гордост на Дубаи, ќе и го земе престолот туку ќе претставува еден вид на еколошки револуција во градежната индустрија, имајќи предвид дека архитектите планираат „Феникс кулата“ да го филтрира воздухот како и водата од околното загаденио езеро.
Во комплексот е планиран механички систем кој ке ја акумулира сончевата енергија, водородот и енергијата на ветерот. Зградите, исто така ќе ја собираат дождовницата и ќе има голема вертикална градина.
„Ако се појавите во Кина со малку луда идеја, излегува дека таа не е доволно луда. Тие сакаа да се огледаат на Ајфеловата кула и да одат чекор понапред. Зградата не треба само да стои таму и да биде нов симбол на Вухан, туку треба да извршува важна работа“, велат авторите на проектот од „Četvuds“ бирото.
Дизајнот е, како што велат, инспириран од парот птици - Феникс во кинеската митологија - повисоката кулата ќе го претставува мажот, а пониската жената. Изградбата на комплексот може да почне следната година, ако градските власти им дадат „зелено светло“ за проектот.
Се проценува дека за имплементацијата на „Феникс кулата“ ќе трае најмалку три години, а ќе чини околу две милијарди долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија






