Во Кина се случуваат 10.000 разводи дневно
Објавено во: Свет 17 Септември, 2014 19:39
Во Кина секојдневно се распаѓаат десетици илјади бракови, а причините се од емотивна и финансиска природа.
Според податоците на Министерството за граѓанска администрација, в0 2013 година барања за развод предале повеќе од 3,5 милиони парови, што е речиси 13 одсто отколку во претходната година.
Главната причина за повеќето разводи во Кина, според неофицијалната статистика е неверниот сопружник. Во Кина љубовницата е прашање на статус. Ако ја нема, чиновникот на високата должност или бизнисмен станува предмет на потсмев.
Уште една сериозна причина која ги турка основите на бракот во пропаст е политиката „едно семејство-едно дете“. Изгледа дека единците во возрасниот живот не се во состојба да го совладаат егоизмот и да се согласат на компромиси.
Во Кина во 2011 година е воведена нова правна одредба - целиот имот кој го стекнала едната страна пред бракот или е купена со парите на родителите на едниот од сопружниците после свадбата му припаѓа на оној кој го платил. Значи, имотот стекнат во бракот во Кина може да се подели доколу се докаже дека е купена со парите на двата брачни другари. Законот е усвоен како би се намалил бројот на роаводи. Сепак, 20 одсто од 3,5 милиони барања за развод минатата година завршиле со долги судски спорови, бидејќи поранешните споружници не можеле мирно да го поделат имотот.
И финансиските причини често се причина за развод во Кина. Пролетта во 2013 година направени се поправки во даночното законодавство според кое семејството кое продава еден од своите објекти на недвижности треба да плати 20 одсто од овој износ како данок на продажба. Оваа законска иницијатива како послеица има зголемен број на разводи од сметка - наведуваат кинеските медиуми.
Можеби ќе ве интересира
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




