Во ќор сокак процесот за влез на Турција во ЕУ
Објавено во: Балкан 27 Мај, 2013 16:00
Процесот за приклучување на Турција кон Европската унија останува во ќор сокак поради одбивањето на Анкара да ги исполни своите задолженија, нагласија денеска министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ по средбата во Брисел со турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.
- ЕУ со големо жалење констатира дека и покрај постојаното инсистирање од нејзина страна, Турција продолжува да одбива да ги исполни своите обврски, се наведува во соопштението на Советот на Унијата.
ЕУ констатира исто така дека Турција не постигнала никаков напредок за нормализирање на односите со Република Кипар, чиј северен дел е окупиран од турските војници од 1974 година, се вели во соопштението.
Унијата сепак е подготвена да направи чекор напред. - Се надеваме дека ќе можеме да отвориме во јуни нова преговарачка глава, 22-та, која се однесува на регионалната политика, изјави на прес-конференција ирскиот министер за надворешни работи Елјмон Гилмор, чија земја е актуелен претседавач на Унијата до 30 јуни.
- Но Турција треба да демонстрира добра волја, нагласи еврокомесарот за проширување Штефан Филе, а според него клучот кон подобрување на преговорите е спогодбата за реадмисија, склучена со ЕУ, која Турција треба да ја потпише и да ја имплементира.
Таа спогодба е од главно значење за да ја олесни борбата против нелегалната имиграција во ЕУ, со која Турција се претвори во пункт за преминување на нелегалните имигранти кон Грција.
Во замена на потпишувањето на таа спогодба, парафирана во Анкара во 2012 година, ЕУ ќе прифати да го олесни доставувањето на визи за турските граѓани.
Турскиот министер за надворешни работи не ја сокри својата разочараност од блокирањето на преговарачкиот процес.
- Една ластовица пролет на прави, истакна тој на заедничката прес-конференција со Гилмор и Штефан Филе.
- Седумнаесет глави (од 35) се блокирани поради политички мотиви. Потребно е да се деблокира тој процес, бидејќи со тој ритам ќе бидат потребни 50 години за негово завршување, додаде Давутоглу.
Тој побара да бидат отворени главите поврзани со надворешната политика. - Сметаме дека имаме потреба од нова стратегиска перспектива во нашите односи, предупреди Давутоглу.
- Без Турција ЕУ нема да биде целосна, нема да има стратешки и географски континуитет, рече Давутоглу.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





