31 Март, 2025
0.0319

„ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА НЕМА НИТУ КАДАР, НИТУ МАТЕРИЈАЛИ“: Во малку подобра состојба се четворицата пациенти чија состојба е сериозна

Објавено во: Македонија 27 Март, 2025 14:20

Добивај вести на Viber

Во нашите болници има уште само 24 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, а како што соопшти министерот за здравтвство, Арбен Таравари, денеска ќе бидат испишани уште девет. Рече дека на скопските клиники се хоспитализирани 7 пациенти, во старата Градска болница 6 пациенти, о „8-ми Септември“ остануваа осум пациенти, а во приватните болници има тројца.

-Денес ќе бидат испишани 9 пациенти, кои се во стабилна добра состојба и може да продолжат со домашно лекување. Утре ќе останат 15 пациенти од кои ќе видиме дали ќе има за испис. Вчера се вратија 5 пациенти кои се лекуваа надвор од државата, еден од Грција и четворица од Шпанија. Вкупно надвор од државата се лекуваат 108 пациенти. Денес е најавено враќање на 8 пациенти, по двајца од Белгија, Австрија, Турција и Хрватска. Имаме најави за повеќе пациенти кои следните денови ќе се враќаат. Сите пациенти се во добра стабилна состојба. Четирите пациенти кои се критични, тие се уште се во релативно тешка состојба, но според информациите кои ги добиваме, нивната состојба денеска е малку подобрена, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

На денешната прес конференција беше соопштено и дека тимови од Клиниката за пластична хирургија одат во кочанската болница за да прават преврски на пациентите кои се со полесни повреди, со цел тие да не мора на секои 2-3 дена да патуваат во Скопје.

Директорката Јасмина Ѓоргиевска Павловска рече дека во болницата во Кочани има услови, но нема доволно кадар и нема материјали.

- Видов дека има добри услови, но нема доволно кадар и материјали со тоа што заедно со Министерството ги правиме и тимовите кои би оделе таму за преврски и потребните материјали, рече таа. Апелирам да се внимава во однос на мелемите кои се нудат по социјалните мрежи, не им се знае ниту потеклото, ниту дали се стерилизирани. 

Проф. д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија информираше за четворица пациенти кои вчера се вратија од Шпанија, за кои како што рече, тие се веќе дома дома во одлична здравствена состојба. Пациентот од Атина е задржан, бидејќи како што истакна Чибишев, изгорениците кај него се целосно зараснати, но по направените токсиколошки лабораториски анализи било решено да остане пациентот.

- Кај нас беа двајца пациенти кои беа примени уште првиот и вториот ден беа стабилни, меѓутоа се уште не бевме до крај задоволни од испитувањата кои ги правевме. Вчера беа примени четворица пациенти кои се вратија од Шпанија веднаш беа опсервирани и проверени, сите добија одредена терапија. Денеска на визита повторно ги видовме, направивме токсиколошки и лабораториски анализи и повторно сите наоди се во референтните вредности, пациентите се со стабилни клинички параметри и денеска и тие четвоца и тие двајца кои на почеткот ги примивме ги испративме дома во одлична здравствена сиостојба, потенцираше Чабишев.

А. Б.


Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ГО САНКЦИОНИРАШЕ ВОЗАЧОТ КОЈ ВОЗЕШЕ ПО ТРОТОАР - снимката беше споделена на социјалните мрежи

ПОЛИЦИЈАТА ГО САНКЦИОНИРАШЕ ВОЗАЧОТ КОЈ ВОЗЕШЕ ПО ТРОТОАР - снимката беше споделена на социјалните мрежи

ИНВЕСТИТОР ОД СТРУГА ГРАДЕЛ НА ЗАШТИТЕНО ЗЕМЈИШТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - доби кривична пријава од МВР

ИНВЕСТИТОР ОД СТРУГА ГРАДЕЛ НА ЗАШТИТЕНО ЗЕМЈИШТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - доби кривична пријава од МВР

НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ СЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО И ПОНАТАМУ СЕ ИНТУБИРАНИ - шест пациенти денес се враќаат во Македонија

НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ СЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО И ПОНАТАМУ СЕ ИНТУБИРАНИ - шест пациенти денес се враќаат во Македонија

ВОЗЕЛ СО 173 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - МВР го уапси „бесниот“ возач од Вруток

ВОЗЕЛ СО 173 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - МВР го уапси „бесниот“ возач од Вруток

„УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА АНДОНОВСКИ“: СДСМ обвинува за нов случај на непотизам

„УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА АНДОНОВСКИ“: СДСМ обвинува за нов случај на непотизам

„СЕ ОДЈАВИ НАШИОТ БРАТ ДИМИТАР“: Ленин Јовановски сподели тажна вест 'многу ќе ни недостасува'

„СЕ ОДЈАВИ НАШИОТ БРАТ ДИМИТАР“: Ленин Јовановски сподели тажна вест 'многу ќе ни недостасува'

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура