19 Декември, 2025
0.0363

Во кои сектори има највисоки плати?

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2023 17:52

Добивај вести на Viber

Програмерите и натаму остануваат едни од најплатените во земјaва. Во август годинава, вработените во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, имале просечна нето плата од 92.464 денари, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Во секторот информации и комуникации, просекот бил 69.695 денари. Во воздухопловен транспорт, просекот изнесувал 51.520  денари. 

Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати е сектор каде просекот бил 57.954.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2023 година, изнесувала 36.390 денари. Во однос на истиот месец лани има пораст на просечните плати. 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21.6 отсто), Образование (17.5 отсто) и Градежништво (16.5 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.8 отсто), Административни и помошни услужни дејности (3.3 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна  (2.3 отсто).

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии