Во која домашна индустрија државните фирми се најпрофитабилни компании?
Објавено во: Економија 13 Јули, 2022 07:05
Најголемите компании за коцкање и обложување во Македонија се поседувани од домашни лица. Но најпрофитабилните фирми се Државната лотарија и Државната видеолотарија
Македонската индустрија на игри на среќа минатата година оствари приходи кои надминуваат 470 милиони евра и растат за повеќе од 35 отсто во споредба со лани. Ова го покажува анализата на „Фактор“ правена врз основа на агрегирани податоци достапни од базата на Централниот регистар во која се опфатени повеќе од 30 компании кои лани организирале игри на среќа. Игрите на среќа во Македонија, кои службено се агрегирани во номенклатурата коцкање и обложување се просперитетен бизнис кој сосема ги залечи раните од корона кризата која во 2020 година.
Иако во јавноста постои отворена дебата за етичките аспекти на овој бизнис, економистите се единствени дека оваа индустрија е повеќе од корисна за вкупната економска активност. Нивните аргументи се состојат во тоа што овие фирми редовно и навремено плаќаат данок на добивка, плаќаат лиценци за организирање на игрите и вработуваат повеќе од 7.000 лица, а индиректно преку соработката со контрактори обезбедуваат работа за уште неколку илјади домашни граѓани. Воедно многу често помагаат и спортски клубови.
Минатата година, најголема компанија во организирањето игри на среќа била домашно посеудваната компанија Про-бетинг со седиште во Скопје. Ова друштво кое организира игри на среќа т.е. коцкање на автомати лани остварило приход од 93,8 милиони евра и тие се за 3 пати зголемени во споредба со претходната 2020 година. Друштвото лани завршило со добивка од 78.000 евра. Сопственици на оваа компанија се Васил, Невенка и Горан Дангеви и Панче Јакимов.
Втора најголема домашна фирма од индустријата на игри на среќа е познатиот ланец спортски обложувалници Спорт Лаиф Трејд од Скопје, семејна фирма која успешно работи повеќе години наназад. Лани приходот на ова друштво достигна 83 милиони евра што е, очекувано заради корона кризата, за 25 отсто подобар резултат во однос на 2020 година. Добивката на друштвото лани изнесува 2,5 милиони евра и е за 6 отсто помала од претходната година.
Трета најголема компанија за игри на среќа лани била Државната видео лотарија компанија во мешовита сопственост на нашата држава и на странската компанија Касинос Аустриа. Ова друштво лани ги зголемило приходите за 66 отсто до износ од 67 милиони евра и остварило профит од 15,7 милиони евра што го прави убедливо најпрофитабилна компанија за коцкање со добивка од 15,7 милиони евра резултат за 75 отсто подобар од лани.
Делта Бет, според остварените приходи лани е на четврто место и е најголема странско поседувана фирма во бизнисот со игри на среќа. Нејзин сопственик е компанијата Етер Консалтинг со седиште во Белград во соседна Србија. Ова друштво лани остварило приходи во вредност од 44,2 милиони евра и завршило со добивка од 1,1 милиони евра.
Следна на листата најголеми компании е синџирот обложувалници под познатиот бренд „Златна копачка“ основани од домашната фудбалска легенда Дарко Панчев, а потоа превземени од Спорт Лаиф Трејд. Оваа компанија лани оствари приход 36 милиони евра и добивка од 87.000 евра.
Домашната компанија Бет ту Мар лани оствари приход од 31,6 милиони евра и добивка од 352.000 евра.
Компаниите на австриски Новоматик во Македонија лани заедно оствариле вкупни приходи поголеми од 50 милиони евра. Најголем приход има друштвото МА Геминг и тој изнесува 21, 3 милиони евра. Годината ја заврши со загуба од 721.000 евра. Мастер Бет има приход од 17 милиони евра, а Макотен со седиште во Гевгелија има 15,8 милиони евра. Воедно ова е и најуспешното друштво со добивка од 564.000 евра.

Р.Ф.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





