19 Декември, 2025
0.0382

ВО КРИТИЧЕН ПЕРИОД БЕШЕ ВО МАКЕДОНИЈА - Кристофер Хил нов амбасадор на САД во Србија, потврди Американскиот сенат

Објавено во: Балкан 11 Март, 2022 12:12

Добивај вести на Viber

Американскиот Сенат потврди дека Кристофер Хил е новиот американски амбасадор во Србија.

Ова беше објавено на Твитер профилот на Демократското мнозинство во американскиот Сенат, каде истовремено беше потврдено именувањето на уште неколку американски амбасадори. На 15 октомври минатата година, американскиот претседател Џозеф Бајден го номинираше Кристофер Хил за нов американски амбасадор во Србија.

Кристофер Хил ќе го замени Ентони Годфри, кој е во Белград од ноември 2019 година, како амбасадор во Србија.

Хил, како што пишуваат и српските медиуми, бил амбасадор во Ирак, Кореја, Полска и Македонија. 

На српската јавност и е познат како специјален пратеник на САД за Косово во дипломатските обиди кои завршија со преговорите во Рамбује. Во биографијата на Кристофер Хил стои дека тој е дипломат од кариера, член на Службата за надворешни работи. Хил е професор на Катедрата за меѓународни и јавни односи на Универзитетот Колумбија.

Роден е во Париз на 10 август 1952 година, а како дете патувал и живеел со семејството низ светот.

Оженет е со учителката Џулија Ен Ричек, родена во Флорида, со која има три возрасни деца, син и две ќерки - Натаниел, Амелија и Клара. Зборува српски, полски, македонски и француски јазик. Тој е дипломат од кариера.

Извор: српски медиуми

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен