Во лов на странски инвеститори – владино роуд шоу и во Литванија!
Објавено во: Економија 08 Јули, 2013 20:28
Владиниот тим на чело со премиерот Никола Груевски заминаа во политичка и економска посета на Република Литванија за да ги презентираат инвестициските потенцијали што ги нуди Македонија. На бизнисот форум што се одржа во Вилнус, литванските бизнисмени се запознаа што Македонија нуди за странските инвеститори.
Како што изјави претседателот на Стопанската комора на оваа земја, Валдас Сутрус , земјава има добри предуслови за развој и напредок на бизнисите и истакна дека како комора ќе ги стимулираат своите членки да направат анализи за искористување на македонските потенцијали.
На бизнис форумот учествуваа бизнисмени од информатичко - комуникациската технологија, прехранбената индустрија, трговијата и туризмот. За време на своето обраќање, премиерот Груевски ги повтори достигнувањата на Македонија на полето на економијата и добрите рангирањата на листата „Доинг Бусинес“на Светската Банка. Тој посочи дека во Македонија е воведена единствена даночна стапка од само 10 проценти на персоналниот данок на доход и 10 проценти на данокот на добивка, а е ослободена од оданочување на задржаната добивка. Исто така, рече Груевски, се отвораат уште три технолошко-индустриски развојни зони во Штип, Тетово и втора зона во Скопје, а планирани се уште седум нови зони.
„Тие нудат низа поволности како што се ослободување од данок на добивка и данокот на доход во првите 10 години, даночно ослободување на реинвестираната добивка и ослободување од административни такси. Во зависност од висината на инвестицијата, даваме субвенција за уредување на земјиштето кое се дава под закуп под поволни услови за период до 99 години и обезбедени инфраструктурни погодности, како што е бесплатно приклучување до гас, електрична енергија и комунално поврзување“,рече премиерот.
Подоцна македонскиот премиер се сретна и со литванскиот колега Алгирдас Буткевичиус и со претседателот на Парламентот, Видас Гедвилас.
На средбата со Гедвилас било договорено пријателските односи помеѓу двете држави да се пресликаат и во поинтензивна парламентарна соработка во областите од заеднички интерес, а Груевски изразил очекување дека парламентарната соработка со литванскиот Парламент ќе биде интензивирана.
„Македонија останува посветена на европската агенда, истакнувајќи ги четирите позитивни извештаи на ЕК за напредокот на нашата земја и четирите препораки за определување датум за почеток на пристапни преговори за членство во Европската унија, како и посветеноста и иницијатата за надминување на отворените прашања што ја попречуваат европската интеграција на Република Македонија“, истакнал Груевски.
Трговската размена меѓу Македонија и Литванија во изминатите години има тенденција на зголемување. Во 2012 година, вкупната трговска меѓу двете земји изнесувала 4,3 милиони американски долари, од кои извозот 2,5 милиони американски долари, а увозот 1,8 американски долари. Во периодот од јануари – април 2013 година, размената изнесува 840 илјади американски долари, од кои извозот 539 илјади американски долари, а увозот 301 илјади американски долари.
Можеби ќе ве интересира
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија




