25 Април, 2024
0.0274

Во Македонија има продавачки, но инфлуенсерки нема: Интервју Спасе „Рола до бола“

Објавено во: Стил 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Луѓето околу мене и оние што биле во мое присуство често знаат да кажат: ”СИТЕ ТРЕБА ДА СИ ИМААТ ПО ЕДЕН СПАСЕ ВО СВОЈОТ ЖИВОТ“

Што би рекла една моја блиска личност ТИ СИ АРНА ДУША.

И да, за себе можам да кажам дека сум арна душа, но со ЛАВОВСКО ТИТАНИУМСКИ штит кој го ставам пред себе, па така на прва на луѓето им делува дека сум самобендисан, препотентен, егоманијак...Но, кога добро ќе ме запознаат, покрај мене предат како мачиња. Вака себеси се опишува Спасе Јовановски, ТВ презентерот на временската прогноза во Сител, кој стои и зад Инстаграм профилот на водителката Лила Стојановска. 

Спасе, или „Рола до бола“ како сам се нарекува, и по кој прекар е познат во јавноста, ексклузивно за Женски магазин одговори без влакна на јазик, сѐ што го прашавме. За приватниот живот, за Лила, дали е вљубен, што мисли за инфлуенсерките во Македонија, каде ќе ја дочека Новата година.

Читате во редовите подолу.

*За оние кои не те познаваат – кој е Спасе Јовановски

- Кога сум наутро на работа мојот ден започнува во 5 часот наутро, одам директно под туш, па пуштам кафе, се подготвувам и право во СИТЕЛ. А кога сум попладне, станувам во 9 часот секако со истата рутина, плус појадок. Денот, па можа, да кажам дека ми трае 12 часа. Покрај работата во СИТЕЛ, задолжен сум за инстаграм профилот на Лила, и уште неколку профили кои ги водам во позадина. Денот ми завршува со ТОТАЛНА мрачна соба и музика. А за викендите се трудам малку да поспијам.

*Најчесто те гледаме во друштво на Тв водителката Лила Стојановска – како почна вашата соработка, колку време се познавате?

- Иако се познаваме 15 години, според нашата конекција се чини дека се знаеме цел живот. Јас ја запознав додека работев како новинар во таблоидот СВЕТ. Тогаш измислив некој текст, па сакаше да ме тепа кога ме виде (се смее) и така по 15 години... Денес сме бизнис партнери, заедно работиме на нејзиниот инстаграм профил кој можам да се пофалам дека е најуспешен во земјава па и регионот. Лила има сенс за бизнис, стил, ама буквално ја бива за сѐ, и сум среќен што токму таа е мојот ментор низ сиве овие години.


Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган