18 Декември, 2025
0.1199

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

Објавено во: Економија 05 Јули, 2024 13:34

Добивај вести на Viber

Нашата држава, иако е помала, има поголем број на невработени од Хрватска. 

Дел од хрватските медиуми објавија дека во таа држава се евидентирани на крајот на март годинава 96 илјади невработени лица. 

Кај нас, пак, на крајот на март работа барале над 101 илјада според завосот за статистика, и над 105 илјади лица според Агенцијата за вработување. 

Хрватски Пословни.хр потсетува дека во 2016 година во таа држава имала 270.000 невработени, но уште тогаш работодавците барале да се увезат 15.000 работници. Хрватското Министерство за труд и пензиски систем тогаш ова го сметале за нездраворазумско барање, иако тоа беше година во која бројот на невработени и бројот на луѓе кои се на берзата континуирано подолго од две години, веќе видно се намалуваше.

Во меѓувреме, многу работи се променија, пишува медиумот, поради заминувањето на работоспособните во другите земји од ЕУ поради подобри плати, поради пензионирањето, но и поради поголемата економска активност и понудата на работни места во Хрватска. Тоа го покажуваат и податоците на Националното биро за статистика (ДЗС) за активноста на населението, од кои евидентно е дека паралелно со падот на вкупната невработеност, уште повеќе се намалува и бројот на долгорочно невработени.

За првиот квартал од годинава ДЗС бележи рекордно низок број на невработени граѓани во Хрватска, вкупно 96 илјади, а бројот на оние кои бараат работа подолго од 24 месеци останува на 15 илјади. За илустрација, во споменатата 2016 година, во првиот квартал имало вкупно 280.000 невработени, а секој трет, вкупно 91.000, бил невработен повеќе од две години.

А, ако во Хрватска имало 96 илјади невработени лица, која е многу поголема држава од нашата, односно според последниот попис имала близу 3,9 милиони број на жители, интересно е дека кај нас е поголем бројот на невработените, а имаме според последниот попис околу 1,8 милиони жители.

Односно, според македонскиот Државен завод за статистика, во земјава се вкупно невработени 101.558 лица. 

Иако е факт дека и во нашата држава постојано се намалува бројот на граѓаните што бараат работа. 

Нашата Агенција за вработување има малку поинакви бројки од тие на Заводот за статистика. 

Според тие податоци, веќе во април тој број дошол до 103.767 лица, што е значајно намалување во однос на претходниот месец. 

А, токму во тој текст констатиравме дека бројката се намалува бидејќи нашите млади се иселуваат во странски држави, меѓу кои и Хрватска.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје