05 Декември, 2025
0.1297

Во Македонија недостасуваат заварувачи,маркетинг-менаџери и машински инженери

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2012 14:38

Добивај вести на Viber

Бизнис заедницата повторно апелира на проблемот од недостиг на квалификувана работна сила и покрај големата понуда на пазарот на трудот. Решавањето на овој проблем, што посебно ќе се изостри по четири до пет години, откако ќе заминат постарите кадри, треба да почне веднаш и не смее да се пролонгира беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора.

Недостигот на знаење и вештини се клучните проблеми со кои се соочуваат компаниите, постои потреба за дополнително образование и усовршување,а некои од потребните занимања, воопшто не постојат во нашиот образовен систем, покажува анкетата што ја спроведува Стопанската комора на вкупно 150 фирми.

„ Анкетата почна пред три недели и се уште трае. Во наредните 20 дена се очекуваат информации од градежништвото, текстилната индустрија, дрвнопеработувачката и други по што ќе се направи целосен извештај за состојбата со квалификуваната работна сила во земјава“, рече Стојмирка Тасевска од Комората. Најдефицитарна струка во металопреработувачката и електроиндустријата е заварувач од сите типови, а причината за неможноста да се обезбеди ваков кадар, надуваат компаниите, меѓу другото е и недостатокот на работно искуство. Ретко се наоѓаат и бравари, монтери, одржувачи на водоинсталации, оператори на тешка градежна механизација и на кранови, металостругари. Во делот на високото образование недостигаат машински и градежни инженери, технолози, маркетинг-менаџери, контролори на квалитет, инженери за здравје и безбедност при работа, како и тим-лидери на продажба. За надминување и побрзо решавање на проблемот со немањето квалификуван кадар, во Македонија веќе се воведува систем на неформално образование. Целиот проект го координира Центарот за образование на возрасни кој издава лиценци на сите што ќе поднесат програми за ваков тип едукација. Стопанската комора воедно сугерира и предлага измени на формалното образование согласно потребите на пазарот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации