08 Јули, 2024
0.0300

„ВО МИНАТОТО СЕ ОДОБРУВАЛЕ И ПЕЧАТЕЛЕ УЧЕБНИЦИ ЗА КОИ ИМАЛО И НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ОД РЕЦЕЗЕНТСКИТЕ КОМИСИИ“: Јаневска има докази дека ниеден учебник за 7-мо одделение не е пуштен во печат

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Многу шпекулации се проширија во јавноста, но би сакала да повторам и потврдам дека сите ученици од прво до деветто одделение на први септември ќе имаат учебници, со исклучок на неколку предмети за кои претходното раководство во министерството не обезбедило и можеби ќе доцниме со нивната изработка, напиша на фејсбук Министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

За седмо одделение не може да има учебници по новата програма. Имам докази дека ниту еден учебник не е пуштен во печат, а некои не се ни подготвени, ни одобрени. Поради тоа во интензивни разговори сме со Бирото за развој на образованието и најверојатно утре ќе го дефинираме решението. Идејата е да ја запреме Концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение, со тоа што, седмоодделенците ќе учат по старите наставни програми и по старите учебници.

Главен проблем се учебниците по странските јазици кои години наназад недостасуваат и тие по ниедно одделение во основното образование нема да бидат изготвени до 1 септември. Во средното, правиме напори за печатење на 120тина учебници кои ќе се користат во стручните училишта.

Во минатото се одобрувале и се печателе учебници за кои имало и негативно мислење од рецензентските комисии и Бирото за развој на образованието и ова се елементи кои треба да се истражат и да се лоцира одговорност“, напиша таа на фејсбук.




Можеби ќе ве интересира

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор