Добивај вести на Viber
Во близина на спортската сала „Гоце Делчев“ на улица „9“, во населбата Илинден во тек е изградба на пешачка и велосипедска патека. Од општината соопштуваат дека со бекатон плочки ќе биде поплочена патека во должина од 100 и широчина од пет метри.
- Со изградбата на тротоарот и велосипедската патека значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите, се вели во соопштението.