05 Декември, 2025
0.0581

ВО НЕКОИ ДЕНОВИ БИ ИМАЛЕ ОД 1.600 ДО 2.000 НОВОЗАРАЗЕНИ: Професорот Трајковски предупредува-после септемврискиот би почнал нов силен бран

Објавено во: Македонија 24 Август, 2021 12:28

Добивај вести на Viber

Четвртиот бран со Делта сојот ќе биде најсилен досега, премсмета професорот од Техничкиот факултет-Битола, Дејан Трајковски. Во разговор за ММС вели дека во наредниот период ќе има многу високи бројки на новозаразени, а врвот на активните случаи би бил околу 1.септември.

-Поради многу високата преносливост, двојно повисока од преносливоста на Алфа сојот и речиси четири пати повисока од преносливоста на дивиот, вухански сој, дури ни досегашната прележаност и вакцинираност не успеваат да спречат епидемиско ширење. Последниве денови пресметките покажуваат намалување на преносливоста на заразата, поради мерките во угостителството кои најверојатно влијаеле на намалување на преносливоста која во првите денови на септември би требало да се намали до единечна преносливост. Тогаш еден заразувач ќе заразува во просек само по еден новозаразен и растот на дневните броеви ќе престане, односно би дошле до врвот на овој бран. Од сегашните просечно 950 нови случаи дневно би стигнале до околу 1550, со тоа што во некои денови би имале максимални 1.600-2.000 случаи. Врвот на активните случаи би бил можеби веќе околу 1 септември, кога ќе започнат помасовно да се затвораат многубројните постари активни случаи, изјави за ММС, професор д-р Дејан Трајковски.

Според неговите анализи, и по 20 септември трансмисијата на вирусот ќе расте, и практечно ќе има продолжени на бранот на Делта варијантата.

– Намалувањето на броевите после септемврискиот бран нема да биде големо, односно би започнал нов бран. Поточно, може да се каже дека би виделе продолжение на бранот на Делта сојот. Поради високата есенска преносливост, веројатно повторно ќе гледаме високи дневни броеви, а особено висок број на активни случаи, бидејќи нема да има време да се затворат старите случаи до почетокот на есенскиот бран. Останува да се надеваме дека болниците надвор од северозападниот регион, поради повисокиот опфат со вакцинација во остатокот од државата, нема да бидат оптоварени до максималниот капацитет, иако ризикот е многу висок, вели професорот Трајковски за ММС.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите