Во неколку градови порасна бројот на хоспитализирани поради коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Февруари, 2021
Порасна бројот на хоспитализирани пациенти поради коронавирусот, а најголем број има во Скопје, Прилеп и Куманово.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 427 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, во Штип 42, Тетово 22, Велес 27, Куманово 61, Охрид 55, Прилеп 68, Гостивар 4, Струга 19, Струмица 21, Кочани 5, Кичево 8, Кавадарци 45, Гевгелија 5, Дебар 13.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 669 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите, информираше Министерството за здравство.
За 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 242 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 13 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ се регистрирани 12 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден пациент. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти. На Кожната клиника се лекуваат 11 пациенти, на Клиниката за неврологија 24, а на Институтот за ТБЦ 35 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти. На ГАК се хоспитализирани четири пациентки.
Деновиве во земјава има повеќе од 500 заразени на дневно ниво.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.