19 Декември, 2025
0.0830

Во Охрид пристигна првата група туристи од Холандија

Објавено во: Економија 26 Април, 2013 12:24

Добивај вести на Viber

Со специјален чартер лет на тур-операторот „ТУИ Аркефлај“ на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска пристигна првата група туристи од земјите на Бенелукс кои организирано одморот ќе го минат во Македонија.

Гостите на охридскиот аеродром традиционално со лепче и сол, торта, пијалок и македонски фолклор ги пречека холандската амбасадорка Мариет Схурман, градоначалниците на Охрид и на Струга Никола Бакрачески и Зијадин Села, како и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Јордан Трајков.

Добредојде на гостите им посака охридскиот градоначалникот Бакрачески кој во оваа прилика им посочи на се она што Македонија може да им го понуди.

- Емоционално сме поврзани со туристите од Холандија, преку пријателството што датира децении наназад. Последните две години, благодарение на Амбсадата на Кралството на Холандија и агенциите, бројот на туристи од Холандија постојано расте, рече Бакрачески порачувајќи им на гостите да го чувствуваат Охрид како свој град исто онака како што охриѓани ги сметаат холандските туристи како свои пријатели.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Трајков изрази очекувања за зголемување на вкупниот број туристи од Холандија, но и двоцифрен раст на вкупниот број гости кои ќе летуваат во Македонија.

- Мислам дека направивме извинредна промотивна кампања, преку учество на 12 меѓународни туристички саеми. Изготвивме нов пропаганден материјал, нови  брошури направени на 13 јазици. Она што агенцијата го работи веќе цел месец е интензивна кампања за електронска промоција преку „Гугл“, а почнуваме и промотивни кампањи на нашата туристичка понуда преку Интернет, како и принтани медиуми односно билборди во 15-тина земји, рече Трајков, изразувајќи уверување дека вкупниот број туристи од странство оваа година ќе ја надмине бројката од 400 илјади гости кои ќе летуваат во Македонија.

По однос обвинувањата на поединци околу исплатата на субвенциите, Трајков во изјавата за медиумите појасни дека субвенциите за странските туристи се исплаќаат редовно, но само за вистинските туристи, а не за обичните патници односно нашите иселеници кои ги користат чартер-летовите само за да го посетат родниот крај. Станува збор за средства во износ од милион и 50 илјади евра, што на почетокот на мај оваа година ќе бидат исплатени на име субвенции за 2012 година.

Инаку, туроператорот „ТУИ – Аркефлај“ заедно со „Корендон“ се агенциите кои веќе трета година во Холандија и земјите од Бенелукс ја нудат Македонија како дестинација на своите летни туристички понуди.

Кога станува збор за летната сезона 2013, „ТУИ Аркефлај“ е предвидено од 10 мај да реализира по два лета седмично во понеделник и петок со последниот лет предвиден за 4 октомври, додека „Корендон“ ќе оперира со три чартер-лета седмично, во периодот од 7 мај заклучно со 13 октомври. „ТУИ“ продава и определен број авиобилети и на редовната авионска линија Брисел – Охрид на авиокомпанијата „Џет-ер“, која во летниот период лета двапати седмично во вторник и недела, и тоа од 12 мај до 17 септември.

Инаку, ова лето двете агенции имаат зацртано реализација на вкупно 114 чартер-лета за Охрид, со превезени некаде околу 20 илјади туристи.

Според последните информации од претставништвата на двата тур-оператори, како и на нивните македонски партнери, досега за летување во Македонија тур-операторот „ТУИ“ има продадено 2.500 аранжмани, додека „Корендон“ има продадено повеќе од 5.600 аранжмани за престој на туристи со 7, 9, 10 и повеќе ноќевања.

Минатата година во Македонија одмарале вкупно 27.120 холандски туристи, што претставува 7,6 отсто од вкупниот број странски гости во земјата, воедно најголем број туристи и посетители од странска држава. Минатата туристичка сезона холандските туристи оствариле вкупно 145.280 ноќевања или 17,9 проценти од вкупниот број реализирани ноќевања.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд