Во општество со висока невработеност, дали спасот е во преквалификација?
Објавено во: Економија 22 Септември, 2020
Македонија е земја со висока невработеност, а преквалификцијата е можност невработените подобро да се „продадат“ на пазарот на труд и да пронајдат работа.
Со помош на државата годишно над 800 луѓе се преквалификуваат по пат на обуки, со што се зголемуваат шансите за вработување во иднина. Тие стекнуваат знаења и вештини кои можат да им помогнат да си обезбедат егзистенција. Во Македонија бројни се примерите на луѓе кои завршиле високо образование, но никогаш не нашле работа по струка или пак долги години воопшто не биле работно ангажирани.
Агенцијата за вработување спроведува мерки кои се однесуваат на доквалификација или преквалификација на евидентирани невработени лица: обука за познат работодавач и обука за побарувани занимања на пазарот на трудот.
„На годишно ниво вклучени се повеќе од 800 лица од кои околу 150 во мерката Обука за познат работодавач и 650 во мерката Обука за побарувани занимања. Обуките се спроведуваат за период од три месеци, а лицата се стекнуваат со знаења за различни занимања од кои:обука за познат работодавач - автоелектричар, столар, градежен работник, заварувач, хаус-мајстор, оператор на кол-центар, рецепционер, сметководител, шивач (во зависност од директните потреби на работодавачите);Обука за побарувани занимања - неговател на деца, негувател на стари лица, личен асистент на лица со попреченост, слаткар, пекар, готвач, келнер, фризер, козметичар, оператор за веб-дизајн, службеник во сметководставо/книговодства, столар, оџачар (во зависнот од анализите направени според барањата на пазарот на труд и расположивите верификувани спроведувачи на обука кои можат да спроведуваат обука за одделни занимања)“, објаснуваат од Агенцијата за вработување.
Но, не е само помошта од државата, туку и на своја иницијатива невработените можат да го надополат своето знаење со посета на курсеви или изучување на занаети.
„Јас сум со завршено средно економско училиште, но работам како фризерка. Порано доаѓаа млади кои завршиле одредено образование, и сакаа да научат занает, но сега не е така, затоа што младите размислуваат поинаку“, вели фризерка од Велес.
Социологот Милева Ѓуровска вели дека преквалификациите задолжително треба да се практикуваат, да се работи тоа систематски, сериозно и да има поширок опсег на луѓе.
Таа додава дека во Македонија има голем јаз меѓу кадрите кои произлегуваат од образованието и потребите на пазарот на труд.
„Преквалификацијата е неопходна. Во сите држави е така и тоа мора да се развие. Да биде реално и вистинско, а не само декларативно. На Запад ако за 6 месеци по завршување на образованието младиот човек не најде работа, се смета дека нешто не е во ред и дека е долгорочно невработен, но тоа се држави кои одамна ги поставиле основите“, објаснува Ѓуровска.
Во земјава 16.7 отсто од населението е невработено.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2020 година, активното население во државата изнесува 953.039 лица, од кои вработени се 793.416, а 159.623 лица се невработени.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.